ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ДУИ и СДС несериозно се однесува кон здравствените закани
Владата на СДС и ДУИ и здравствените власти седма година си поигруваат со здравјето на граѓаните. Почина лице од конго - хеморагична треска, се зарази лице вработено на Клиниката за инфективни болести, сега и нов случај, но надлежните никако соодветно да реагираат. Никако да го запалат алармот и да реагираат вистински.
Владата на СДС и ДУИ постојано се соочува со низа на закани по здравјето на граѓаните, епидемија на сипаници, на корона и на дело ја гледаме само нивната несериозност и неспособност. Освен вокабуларот ја анализираме ситуацијата, се е под контрола нема ништо конкретно.
Владата на СДС и ДУИ има сериозен пристап само кога е во прашање местење тендери, крадење на народот.
Здравствените закани секогаш ги сфаќаат несериозно.
Заради отсуство на транспарентност која од уста не ја вадат ги повикуваме надлежните институции да ја информираат јавноста прецизно за состојбата и преземените мерки за справување со конго - кримска треска во државава.
Со нивниот актуелен пристап, тие самите креираат паника и недоверба во системот.
Мора да се стави крај на оваа ненародна власт која не се грижи за здравјето на граѓаните. Крај на оваа ненародна власт можат да стават само граѓаните на избори!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Педесетница (Духовден) – Слегување на Светиот Дух и роденден на Црквата
-
Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
-
Трамп го предупреди Маск: Финансирањето на демократи ќе има сериозни последици
-
Сончево и многу топло, до 38 степени
-
Германски генерал: Украина оштети 10 отсто од руските стратешки бомбардери
-
„Куќи на ужасот“ – евакуирани 75 стари лица од нелегални домови во Бугарија
-
Македонија загуби од Финска на отворањето на Златната лига 2025
-
Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца