Македонија
20. March 2026 - 12:21

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите

ВМРО-ДПМНЕ доследно се залага за владеење на правото и целосна борба против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност.

СДС не може да сфати кога МВР ќе уапси актуелен директор, затоа што на бандата на Заев и Филипче несфатливо им е законот да важи неселективно и да се применува подеднакво за сите.

Секој којшто го прекршил законот мора да одговара.

Во однос на апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство ја поздравуваме акцијата на МВР и ова е порака за сите дека Уставот и законите мора да се почитуваат.

Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, а секој за кој ќе се утврди одговорност да одговара согласно законите.

Во исто време, ја повикуваме јавноста да не подлегнува на непроверени и сензационалистички информации кои имаат за цел да нанесат штета на угледот на поединци и институции.

Во време на владеењето на СДС и ДУИ јавноста беше сведок на бројни скандали и случаи со криминал и корупција што придонесе за пад на довербата во институциите и правниот систем. ВМРО-ДПМНЕ ја враќа довербата во институциите.

СДС и ДУИ поради недостиг од транспарентност и отчетност придонесе во продлабочување на перцепцијата на неказнивост и зголемување на криминалот и корупцијата во секоја пора во општеството.

Времото на криминалот и криминалците заврши, а институциите се транспарентни и отчетни.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на поддршка на земјоделците преку конкретни мерки и политики кои ќе обезбедат развој и стабилност на секторот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ