-->
-->
Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола
-->

Во Битола внука се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Основното јавно обвинителство Битола информира дека се издадени повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот.
Осомничената, според Обвинителство, е лишена од слобода и се постапува за обезбедување докази.
- По овластување на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, екипи на МВР извршија увид на лице место во куќа на улицата „Солунска", каде според првичните сознанија, внука при вршење семејно насилство се обидела да ги лиши од живот сопствените баба и дедо, нанесувајќи им повеќе убоди со нож. Јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки за целосно расчистување на настанот, информираат од ЈОРСМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ одработува за српската опозиција
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
