Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни

Црн биланс на албанските патишта, само во август евидентирани се 159 несреќи, во кои се повредени 229 лица од нив 22 лица го загубиле животот, 32 се здобиле со тешки а 175 со полесни повреди.
- Брзото возење, алкохолот зад воланот и непочитувањето на сообраќајните правила и понатаму остануваат меѓу главните фактори што одземаат животи на патиштата во земјата, објавија медиумите во Тирана.
За да ја ограничи оваа ситуација, Државната полиција ја промени својата стратегија за контрола на патиштата со имплементирање на повеќе технологија, но се чини дека трендот на несреќи не се намалил.
- Само во август, полицијата изрекла над 47.000 казни, но иако некои од нив се двојно повисоки во вредност, поради промените во сообраќајниот законик, се чини дека прекршителите на правилата сè уште се далеку од тоа да почнат да ги почитуваат, констатира Топ чанел.
МИА
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
