Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички кое превезувало пилиња

Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија.
Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и сврнал кон Кемиштај.
- По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, интервенирајќи за гаснење на пламенот што ја зафатил кабината на возачот. И покрај брзата интервенција, штетата беше голема: значителен дел од товарот беше оштетен, а повеќе од половина од птиците угинаа - објавија медиумите.
Според првичните проценки на противпожарната служба од Лушња, пожарот започнал како последица на технички дефект во системот за климатизација во задниот дел каде што бил товарот.
Истражниот тим продолжува со работата за целосно разјаснување на околностите на инцидентот.
МИА
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
