Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска ја усвои одлуката за легализација на канабисот во медицински цели, објави на Фејсбук пратеникот од Социјалдемократската партија (СДП) во Парламентот на БиХ, Саша Магазиновиќ.
– Направен е најважниот чекор, но не е завршена работата. Сега следи борба за деталите, бидејќи ѓаволот е стално во нив. Сепак, од денеска ќе биде многу полесно, посочи Магазиновиќ.
Тој му се заблагодари на студентот на Академијата за драмски уметности во Сараево, Ирафан Рибиќ, кој тврди дека со масло од канабис се излекувал од мултипла склероза.
Магазиновиќ се заблагодари и на министерката за цивилни работи на БиХ, Дубравка Бошњак, „која изнајде начин за надминување на институционалните блокади и ја упати предлог-одлуката на усвојување“.
Со усвојување на одлуката се отвора патот за регулирање на употребата на канабис за медицински цели, што би можело да овозможи легална и контролирана терапија за пациентите во БиХ, која досега беше достапна само преку црниот пазар или во странство.
МИА
Ново на Сител
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
