Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
Четириесетина трактористи од целата држава годинава беа дел од 68-миот државен натпревар во орање со трактори, што се одржа во селото Еднокуќево во Општина Босилово. Поделени во четири категории, тешки и лесни трактори, младинци и жени, учесниците ги покажаа своите вештини во традиционалното орање со трактор.
Од Народна техника на Македонија, организатор на натпреварот, велат дека ваквите натпревари се важни за усовршување на вештините и едукација на младите кадри. Најдобрите ќе ја претставуваат државата на светскиот натпревар.
Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, смета дека ваквите настани го поттикнуваат интересот на младите за агротехничките струки, но и овозможуваат запознавање со новите модели и технологии за обработка на земјоделските површини.
68-мото издание на натпреварот се одржува во годината кога Народна техника на Македонија одбележува 80 години од своето постоење. Паралелно со натпреварот се одржа и саем на земјоделска механизација, на кој беше претставена современа опрема за земјоделците.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
