Свет
11. February 2026 - 20:22

Во Чешка разбиена криминална група која шверцувала кокаин во торти

Чешката полиција разби криминална банда која од Берлин шверцувала кокаин, скриен во торти, во Прага. При тоа приведени се седум странски и еден чешки државјанин.

Тортите биле транспортирани со автобус.Портпаролката на чешката полиција соопшти дека на тој начин биле прошверцувани над 30 килограми кокаин од Германија во Чешка.

Осомничените плаќале повеќе од 600.000 чешки круни за секој килограм кокаин, а потоа го продавале во Прага за неколку стотици илјади круни повеќе.