Во Франција уапсени 48 лица за користење на детска порнографија, меѓу нив и неколкумина локални функционери

Четириесет и осум лица, осомничени дека масовно преземале и гледале слики и видеа со детска порнографија, вчера и денеска се уапсени во Франција. Меѓу нив има локални избрани функционери и луѓе кои работат во контакт со млади малолетни лица, јави дописникот на МИА.
Овие лица се уапсени низ целата територија на Франција, за време на операција координирана од ОЦРВП (Централна канцеларија за сузбивање на насилството врз лица), дознава Франсинфо од полициски извори.
Во моментов уапсените се во полициски притвор. Цел била лица осомничени за масовно користење детска порнографија, понекогаш со „особено насилна” содржина, наведува полицискиот извор.
Сите уапсени се мажи, главно на возраст од околу четириесет години. Најмладиот има 26 години, најстариот 79 години. Засегнати се сите социјални категории: избрани функционери, работници, раководители, но и пензионери.
Покрај сомнежите за користење детска порнографија, целта на истражителите за време на полицискиот притвор е да откријат дали некои од овие мажи биле способни да преземат акција и на тој начин би можеле да бидат цел на кривично гонење за детски криминал.
Ново на Сител
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
-

Наместо да свика итна седница за мерки, Владата се шета во Брисел на прослави, вели Филипче
