Во Франција за една недела починаа речиси 9.000 лица од екстремни жештини

Франција во исклучително жешкиот бран на крајот од јуни регистрираше 2.025 смртни случаи повеќе од вообичаеното, покажуваат прелиминарните податоци од Националниот институт за статистика и економски студии (INSEE) објавени од BFMTV.
Според овие податоци, помеѓу 22 и 28 јуни, речиси 9.000 смртни случаи беа потврдени со електронски смртни изводи во Франција. Зголемувањето се совпадна со врвот на големиот топлотен бран што го зафати поголемиот дел од земјата.
Француската министерка за здравство Стефани Рист изјави дека податоците засега се привремени бидејќи електронските смртни изводи не ги вклучуваат сите смртни случаи регистрирани во земјата.
Властите предупредуваат дека моменталните податоци мора да се толкуваат со претпазливост и би можеле да го потценат целосното влијание на топлотниот бран.
Според официјалните бројки, електронските смртни изводи покриваат околу 60 проценти од смртните случаи во Франција, но покриеноста варира во голема мера од регион до регион.
Франција во последните две недели регистрираше екстремно високи температури, а во многу региони, температурата надмина 35 степени Целзиусови.
Топлотниот бран стави дополнителен товар врз здравствениот систем, а властите претходно предупредија дека постарите лица, хронично болните и луѓето што живеат сами се особено изложени на ризик.
МИА
Ново на Сител
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
-

Филипче го одби Мицкоски и за гласање на дијаспората преку писмо
-

Златни денови на Кратово
-

Рокас: Убеден сум дека поголемиот дел од работата е завршен и дека ќе имаме извонредни резултати
