Во Франција запленети 68 килограми кокаин по оперативни информации од македонската полиција

Француските безбедносни служби, врз основа на оперативни информации обезбедени од македонското Министерство за внатрешни работи, заплениле 68 килограми кокаин на наплатната станица Фонтен во Франција, соопшти денеска МВР.
Дрогата била пронајдена во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44), а акцијата е резултат на меѓународна полициска соработка и навремена размена на оперативни сознанија меѓу надлежните служби.
Од МВР информираат дека оперативните информации биле обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, по што преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до француските органи, кои ја реализирале заплената.
Според Министерството, ова е втора успешна меѓународна акција во изминатиот месец во која клучна улога имале информациите обезбедени од македонската полиција.
Претходно, во соработка со грчката полиција, била реализирана акција што резултирала со заплена на 324 килограми марихуана.
МИА
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
