-->
-->
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-->
Бројот на новинари кои загинале во Појасот Газа од почетокот на војната во 2023 година достигна 232, соопшти денеска Канцеларијата за медиуми на владата на Газа.
Најновата жртва е фоторепортерот Адам Абу Харбид – соопшти Канцеларијата, додавајќи дека „најостро го осудува систематското убиство и целното насочување кон палестинските новинари од страна на израелските окупаторски сили“.
Во објавата на платформата Телеграм, Канцеларијата апелира до Меѓународната федерација на новинари, Федерацијата на арапски новинари и новинарските здруженија низ светот да ги осудат, како што се наведува, „систематските злосторства против новинари во Појасот Газа“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор