Македонија

Во Гевгелија се гради модуларна болница

Почна монтирањето на модуларната болница во Гевгелија. Објектот ќе биде со површина од 400 метри квадратни и треба да овозможи побрз и поквалитетен третман на ковид позитивните пациенти. Планирано е болница да има три различни оддели и капацитет од 15 кревети за хоспитализација на пациенти. Обjектот ќе биде опремен мобилен рентген и ехо апарат.

,,Едниот сегмент ќе биде за персонал, односно дел во кој што всушност ќе се припрема персоналот за понатамошните процедури што следуваат. Имаме посебен влез и посебен оддел за прием на пациенти каде што всушност се врши дијагностицирање, тестирање и понатамошна тријажа на пациентите, дали имаат потреба од болничко лекување кои би биле сместени во стационарот . Самиот стационар располага со 15 или 16 кревети со можност да биде зголемен тој капацитет доколку има потреба од тоа,,- рече Д-Р Митко Крџев - Директор на општа болница Гевгелија.

Во реализацијата на ковид центарот  учествува и локалната самоуправа. Освен  логистика и изградбата на целосната инфраструктура со водоводна и канализациона мрежа, општина Гевгелија проектот го поддржа и финансиски.

,,Се надевам дека во пресрет на зимскиот период, во пресрет на разни други вируси како што е грипот и друго граѓаните на општина Гевгелија на време ја добиваат оваа модуларна болница, така да милам дека ќе им биде овозможено на медицинскиот персонал и менаџментот во општа болница Гевгелија полесно да ги менаџираат работите и состојбите со ковид 19.,, рече Сашко Поцков - Градоначалник на општина Гевгелија.
Модуларната болница во Гевгелија ќе функционира како регионален ковид центар. Исто како и во општата болница, тука здравствена грижа ќе добиваат ковид позитивните пациенти од Гевгелија, Богданци и Дојран.  Од почетокот на пандемијата во гевгелискиот регион се регистрирани 848 случаи, од нив активни се 258.