Во голема акција на Крајбрежната служба на Грција спасени околу 520 мигранти во близина на островот Гавдос
Во морскиот дел на 17 наутички милји јужно од малиот грчки остров Гавдос утрово завршила повеќечасовната акција на Крајбрежната служба на Грција за спасување на околу 520 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Крајбрежната служба на Грција информираа дека лицата кои се пренесувале во рибарски брод биле спасени од два брода, меѓу кои и еден товарен што под знаме на Бахами пловел во близина, а во акцијата учествувале и два авиони на Фронтекс и четири бродови што биле во близина.
Мигрантите ќе бидат пренесени на Крит, каде што во изминатите денови беа пренесени стотици мигранти, кои од либискиот брег тргнаа кон Грција, а според локалните медиуми од островот не постојат доволно простори за згрижување на толку голем број лица.
Процените се дека од викендот во близина на Крит и Гавдос на југот од Грција беа спасени околу 2.000 мигранти.
Мигрантското прашање се очекува да биде во фокусот на денешната средба на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис со министерот за миграција и азил Танос Плеврис, средба што била од претходно закажан, меѓутоа доаѓа само неколку часа откако либиската Влада во Бенгази ги прогласи за непожелни еврокомесарот за миграција Магнус Брунер и министрите на Италија, Грција и Малта кои беа во посета на Либија.
Еврокомесарот и министрите откако пристигнале на меѓународниот аеродром во Бенгази, биле информирани дека треба веднаш да ја напуштат либиската територија и се сметаат за непожелни „поради нивното кршење на дипломатските норми и меѓународните конвенции“.
Претходно беа во Триполи каде што остварија средба со Владата на национално единство на Либија, а за вчера попладне беше планирана средба со Калифа Хафтар во Бенгази.
По првата средба, министерот за миграција и азил на Грција рече дека „Крит е под огромен притисок од мигранти од Источниот брег“ и дека намерата е ова да се спречи.
– Тука сме, делегација на ЕУ, со комесарот Брунер. Сакаме да испратиме јасна порака дека ќе ѝ помогнеме на Либија да ги задржи нелегалните мигранти, да ги спречи заминувањата кон ЕУ и во исто време да се вратат нелегалните мигранти назад во нивната татковина. Ќе соработуваме во оваа насока. Крит е под огромен притисок од Источниот брег и сакаме да го спречиме ова, истакна Плеврис.
Ново на Сител
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
-
Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите
-
Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев: Тоа е како кога глушецот го задева лавот
-
Татко ја врзал со јаже за врат и раце својата 11-годишна ќерка, снимал и објавил на социјални мрежи | ВИДЕО
-
Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски
-
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во стан во Ѓорче Петров