Во грчкиот град Катерини уапсен македонски државјанин за извршено убиство во земјава пред 28 години

Македонски државјанин, осуден на 15-годишна затворска казна за извршено убиство во земјава во ноември 1997 година, а по кој имало распишана европска потерница, уапсен е во грчкиот град Катерини, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации станува збор за 60-годишен државјанин на Северна Македонија, кој веројатно по убиството побегнал во странство и живеел во Бугарија и Турција.
Согласно судските документи од нашата земја, кривичното дело било извршено во ноември 1997 година, а жртва бил 37-годишен македонски државјанин.
Сторителот тогаш, наводно предизвикал сообраќајна несреќа, а кога жртвата излегла од возилото го нападнал со оружје.
За убиството, една година подоцна бил осуден на 15 години затвор.
АНА-МПА пишува дека уапсениот ќе биде изведен пред обвинител во Солун за да се започне постапката по барањето за негова екстрадиција во земјава.
Ново на Сител
-

Приведени две лица од Скопје, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога и дигитална вага | ВИДЕО
-

Камбоџа: Тајланд продолжува со бомбардирање и покрај повикот на Трамп за прекин на огнот
-

Божиновска - Хандановиќ-Ѓуровиќ: Интерконекторот Македонија - Србија оди напред со забрзано темпо
-

Италија, Бугарија и Малта се придружија на барањата на Белгија за алтернативни опции за помош на Украина
-

Најстудено на Попова Шапка
-

На „Криволак“ ќе бидат уништени минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

Сончево со минусни утрински температури, а преку ден до 15 степени
-

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
