Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода девет возачи поради „безобѕирно управување со возило“.
-Четворица од возачите управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Куманово, Скопје и Делчево. Кај еден од нив, кој управувал мотоцикл, биле измерени 2,37 промили алкохол во крвта. Четворица возачи управувале возило без положен возачки испит, од Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Меѓу нив е и малолетник од Гостивар, додека возачот од Тетово управувал мопед без положен возачки испит. Еден возач од Виница управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило - соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
-Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли, со цел навремено санкционирање на возачите кои со своето однесување ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот, се клучни за спречување на сообраќајни незгоди и за поголема безбедност на сите - посочуваат од МВР.
Ново на Сител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
-

Подобра инфраструктура и решение за превозниците бараат германските компании кои работат кај нас
-

Филипче предупредува на недостиг на пари
-

Мицкоски тврди: Македонија економски лидер во регионот
