Во јули исплатени 16,5 милиони евра за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д
Во јули годинава преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) се исплатени 1.022.217.192 денари ( 16,5 милиони евра) на конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола ).
Според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, во јули изведувачот продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации на автопат, проектирање на експропријација, активности за истрага на неексплодирани убојни средства, работи за привремено управување со сообраќајот и работи за мобилизација и градежни активности главно за земјени работи, дренажа и конструкции.
Активности има за делниците Тетово-Гостивар (18 километри), Гостивар-Букојчани (30 километри) и Прилеп-Битола (40 километри), додека за четвратата делница Требеништа - Ќафасан (22 километри) треба да се ревидира трасата за да се зачува заштитениот статус на Охридско Езеро и регионот.
Според Извештајот, во тек се работи на пет мостови, четири надвозници и два подвозници. До крајот на јули годинава, извршени се ископувања на 3,2 милиони метри кубни земја и вградени се 706.500 метри кубни материјал за пополнување
Во активностите, изведувачот заклучно со јули ангажирал 2172 лица и 1181 градежна машина.
Од почетокот на годинава, кон „Бехтел и Енка“ имаше две исплати во април, од 599.794.350 денари и од 524.972.228 денари, како и по една во мај од 681.026.665 денари и во јуни од 830.336.364 денари. Заклучно со минатата година, пак, беа исплатени 261 милион евра.
Активности на терен согласно со Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра се спроведуваат од 22 април 2023 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничени добија уште 48 часа притвор
-
„Ниту една повеќе“- повик за протест на граѓанските организации