Во Крушево почнуваат чествувањата за 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република

Со низа свечености денеска во Крушево почнува чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. Синоќа во крушево пристигнаа коњаниците од сите страни на Македонија.
Денеска од 10 часот делегации ќе ги посетат Спомен куќата на Смилевскиот конгрес и споменикот на Дамјан Груев, каде ќе се поклонат и ќе положат свежи цвеќиња.
Во 18,45 часот во центарот на Крушево, пред црквата „Свети Никола“ ќе бидат пречекани коњаниците од цела Македонија. Традиционално, крушевчани ќе ги пречекаат поддржувачите на традициите од Илинденските денови со леб и сол.
Во пресрет на отворањето на националната манифестација „10 дена Крушевска Република“ од 20 часот на Гумење, почит пред нивните споменици и спомен обележја ќе им биде оддадена на: Веле Марков, на Питу Гули, на Тоше Проески, на нивните вечни почивалишта на Гумење, на загинатите борци пред споменикот на Партизанските гробишта, на борците од Илинден 1903, во криптата во споменичниот комплекс Илинден.
На свеченото отворање на манифестацијата „10 дена Крушевска Република“, од 20 часот на Гумење, ќе се прочита Крушевскиот манифест и ќе се подигне бајракот на Крушевската Република. На отворањето се очекува да се обратат Томе Христоски, градоначалник на Крушево и претседател на Манифестацијата, како и министерот за култура Зоран Љутков.
Манифестацијата ќе биде проследена со богат огномет, културно-уметничка програма и импровизиран напад на Крушево, како потсетување на славните илинденски денови и на Првата република на Балканот.
Централните чествувања за 121 година од Илиненското востание и Крушевската Решублика се на 2 август. Почит ќе им биде оддадена на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, на неговото вечно почивалиште во Македониумот, на загинатите борци кај месноста Слива, а во нивни спомен ќе се одржи и панихида во крушевската црква „Свети Никола“. Централното честување е на Мечкин камен од 12,30 часот каде ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Ново на Сител
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
-

Мицкоски: Запленетата дрога ќе надмине 100 тони, дел од вмешаните веќе се приведени
-

Садула Изари ја презема функцијата член на Судски совет
-

Законот за високо образование може да претрпи измени
-

Стружани мака мачат со водата, не смеат да ја употребуваат за пиење
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Реконструкцијата, можните предвремени избори и партиски прелети ја вжештуваат реториката
