-->
-->
Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема
-->

Непознато лице ноќеска фрлило две запалени стаклени шишиња кон семејна куќа во Ѓорче Петров при што настанал пожар кој бил изгаснат од членови на семејството. Повредени лица нема.
Министерството за внатрешни работи во денешниот полициски билтен информира дека случајот е пријавен во 03:22 часот од страна на 49-годишна жена.
-Едно од стаклените шишиња паднало во дворното место до паркирано товарно возило, а второто паднало на тераса од куќата и предизвикало пожар. Пожарот бил изгаснат од членови на семејството. Повредени лица нема, информира МВР.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
