Во лабараториите регистрираат повеќе респираторен синцицијален вирус, помалку грип
Грип и ковид 19 има, но доминира респираторниот синцицијален вирус. Таква е состојбата во речиси сите ординации на педијатри како и во детските болници. И извештајот на Инситутот за јавно здравје потврдува дека од примероците испратени минатата недела во вирусолошката лабораторија, најмногу имало со РСВ.
Од Клиниката за детски болести велат дека овој вирус е опасен за бебињата и дел имаат потреба од кислородна поддршка.
- Можеби над 80 проценти од случаите што ги праќаме во вирусолошката лабораторија се позитивни на респираторниот синцицијален вирус. Респираторниот синцицијален вирус може да доведе до сериозни респираторни потешкотии, посебно кај новороденчињата бидејќи имаат помали дишни патишта и затоа понекогаш имаат и потешка клиничка слика, вели проф. д-р Стојка Фуштиќ, директор на Клиника за детски болести.
Кашлица, кивање, температура и малаксаност се дел од симтомите што ги полнат не само ординациите на педијатрите, туку и ургентната амбуланта на Детска.
- Гужви има, во ургентната амбуланта за 24 часа има од 50 до 70 прегледи, од нив, 5 до 6 и остануваат во болница, односно оние кои имаат потреба од хоспитализација, вели д-р Фуштиќ.
Респираторниот синцицијален вирус не ги болни само нашите болници туку доминира и во здравствените установи во регионот. Во соседна Србија освен грип предупредуваат дека имаат зголемен број на пациенти со акутни респираторни инфекции.
Седење дома за време на инфекцијата, помалку гужви и почесто проветрување на просториите се само дел од препораките на лекарите.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
