Во Лондон денеска прв самит на Велика Британија и ЕУ по Брегзит
Велика Британија и Европската унија денес ќе одржат самит во Лондон, пет години по Брегзит, со цел да ги постават основите за потесна врска, посебно во сферите на одбраната.
Британскиот премиер Кир Стармер, кој даде ветување дека ќе ја “ресетира” соработката со ЕУ кога ја презеде функцијата минатиот јули, ги пречекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
Овој состанок на врвот претставува шанса за лидерот на лабуристите да ја материјализира својата амбиција за приближување кон Брисел и да стави крај на напнатоста помеѓу ЕУ и претходната конзервативна влада во врска со Брегзит, кој се случи на 31 јануари 2020 година.
Во меѓувреме, руската инвазија на Украина и можноста за повлекување на САД од европскиот континент ја зацврстија врската меѓу Лондон и Брисел во нивната цел да ја унапредат кооперацијата во доменот на одбраната.
Освен одбраната, лабуристичката влада, која има за цел да ја стимулира трговијата, усложнета од административните пречки предизвикани од Брегзит, изјави дека е подготвена за флексибилно прилагодување кон стандардите на ЕУ за храна и земјоделски производи.
Ново на Сител
-
БиХ: Петмина тешко повредени во вооружен судир кај мигрантскиот камп во Блажуј
-
Роналдо навести заминување од Ал Наср: Ова поглавје е завршено
-
Ограничувањето на јаглеродните емисии, подготовките на јунскиот Самит на ЕУ и владеењето на правото главни теми на ГАК
-
Инзаги: ПСЖ е одличен тим со одлични играчи, но Интер има срце
-
Салах бил блиску до трансфер во Саудиска Арабија
-
Првиот список на Анчелоти на чело на Бразил
-
Роналдо стигна до 800 гола на клупско ниво
-
Пукање кон куќa во Тетово, немa пoврeдени, најдени 30 чаури oд автоматско oружјe