Во Македонија снемува првачиња
Аларманти податоци од источниот крај на земјава, бројот на новозапишани првачиња намален за 40 проценти.
Секоја година се помалку деца се запишуваат во училиште, но ваква бројка немалло во последните 20 години. Во Општина Кочани пристигнале 147 изјави за деца кои поради исселување нема да го почнат образовниот процес. Од нив најголем број заминале во странство. За прв пат ниту едно прваче не се запишало од селата Горни и Долни Подлог и Мојанци .
Исселувањето е се помасовно од источниот регион, загружувачки се бројките и од Прилеп, каде од 800 деца се запишале само 480.
Во Виница и околните населени места регистрирано е опаѓање на бројот на ученици за околу 13 проценти во однос на минатата година.
Уписите за првачињата беа до 1 јуни, но родителите имаат можност оваа законска обврска да ја исполнат се до почетокот на учебната година. Од МОН велат прецизна статистика за тоа колку првачиња се запишале ќе имаат во септември.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
