Во неколку градови во земјава забележани километарски колони на бензинските пумпи
Колони од возила пред бензинските пумпи во Штип. Вработените велат дека гужвата се створила во попладневните часови, но не знаат која е причината. И со возачите со кои што разговаравме, велат дека на бензинска дошле зашто снемале гориво во автомобилите и се изненадени од редиците.
-Нафта немам и дојдов да наполнам. Сега кокретно разговарав со пријателот од Кочани, вели дека таму е најнормално. На Ликоил 2 возила, на Макпетрол 4 возила, се најнормално. Не знам што е ова и јас се чудам.
-Чекам во колона за да наполнам гориво. Ме чуди оваа работа, може нешто кажува, може ќе има, ама што ќе има незнам. Како да оди кон зголемување на цената, веројатно натаму ќе оди, а како што, не знаеме немаме информации. Еве цело време служам радио, никој немеа ништо кажано дали ќе има или ќе нема. Гледам од оваа страна, од онаа, таму горе кај Три Чешми гужва, на Лук оил гужва, значи ова не е добро.
Некои од возачите се револтирани што треба да чекаат во ред и оние кои навистина имаат потреба од гориво.
-Па нема потреба од гужви, колку можам да го наполнам резервоарот и колку ќе заштедам, 100 или 200 денари. Утре ако се покачи, треба пак скап бензин да ставам. Џабе прават гужви, џабе се прави сето ова.
Поради напливот од автомобили, во 15 часот на сите бензинските пумпи е дозволено да се точи секаков вид на гориво во вредност до 2000 денари, а забрането е да се полни во туби и помошни резервоари. Ова е поради, како што соопштуваат од компаниите, да не се прават залихи од гориво од безбедносни причини, а и поради тоа што нема да има рестрикции.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар