Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица

Денеска се навршуваат 10 месеци од уривањето на бетонската настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица.
Според локалните медиуми, собири на граѓани повикаа на присуство на железничката станица и оддавање почит со 16 минути молчење во 11:52 часот, кога се урна настрешницата.
По истиот повод, но од 19 часот, средношколците ги повикаа граѓаните да се соберат на кампусот на Универзитетот во Нови Сад.
Нивниот митинг наречен „Средношколците се сеќаваат - сите сме под настрешницата“ е поддржан и од студентите во блокада на факултетите во Нови Сад.
„Средношколците се сеќаваат, ние се придружуваме“, наведоа студентите во својот повик.
Денеска, 1 септември, ќе се навршат точно десет месеци од падот на настрешницата на Железничката станица, кога загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено.
Уривањето на настрешницата предизвика масовни протести низ цела Србија, по што следеа блокади на државните универзитети низ целата земја.
Судската постапка се уште не е започната, а истрагата на обвинителството е запрена поради барањето на еден од осомничените, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, за изземање на главните обвинители во обвинителствата во Нови Сад, како и државната обвинителка Загорка Доловац.
Обвинителството за организиран криминал на 1 август објави дека шест лица се уапсени во врска со истрагата за финансиските текови поврзани со проектот „Модернизација и реконструкција на унгарско-српската железница на релацијата Нови Сад-Суботица - државна граница (Келебија)“.
Меѓу уапсените се и Томислав Момировиќ, поранешен министер во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура во периодот од октомври 2020 до октомври 2022 година, и Анита Димоски, поранешна вршител на должноста помошник-министер во тоа министерство и раководител на Секторот за железници и интермодален транспорт во периодот од ноември 2020 година.
МИА
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
