Македонија
15. April 2026 - 9:35

Во РЕК Битола исклучен ТЕ Битола 3, денеска ќе биде вклучен ТЕ Битола 1

Поради скината цевка во сегмент од котел, ТЕ Битола 3 е исклучен од електроенергетската мрежа.

Од АД ЕСМ информираа дека термоблокот Битола 3 бил исклучен вчера во 18 часот, и преземени се активности за вклучување на термоблокот Битола 1, што се очекува да биде синхронизиран на мрежа во текот на денов.

Поради поволната хидролошка состојба и намалениот конзум, РЕК Битола и во изминатиот период работеше со еден блок, а истиот режим на работа ќе продолжи и во претстојниот период, потврдија од комбинатот. 

МИА