-->
-->
Во руски воздушни напади врз Киев и околината загина дете, петмина ранети
-->

Едно дете загина, а пет лица беа ранети рано изутринава во Киев и околината при руски воздушни напади, соопштија украинските власти.
Во нападите избувнале пожари што зафатиле приватни домови во близина на продавница и магацин во Киев, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко преку комуникациската апликација „Телеграм“.
Очевидци соопштуваат за експлозии во градот.
Началникот на Киевската обласна воена администрација, Тимур Ткаченко, на „Телеграм“ соопшти дека во руски напад со ракети и беспилотни летала во Киевската област загинало дете, а тројца лица биле ранети.
Во нападот биле оштетени и инфраструктурни објекти, куќи, магацини и автомобили.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворено 34-то издание на фестивалот „Ристо Шишков“
-

Преглед на вестите од светот
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
