Македонија
3. April 2022 - 16:33
Во Штип обука на стручни лица за работа со деца со посебни потреби
Општина Штип и Министерството за здравство работат на отворање на регионален центар за класификација на децата со попречености од целиот источен регион. Министерството врши обуки на стручни лица за работа со деца со посебни потреби.
- Ќе бидат вклучени специјален едукатор или дефектолог, психолог, социјален работник и доктор-изјави Дејан Здравков, центар за социјални работи.
Целта е, уште од најмала возраст на децата да им се одреди нивната функционалност, да се олесни приемот во предшколските и школските установи, а попреченоста да се стави во втор план.
- Ќе се дава проценка на функционалноста со цел искористување на постоечките ресурси кои ги имаат општините и нивно вклучување за да се зголеми искористувањето на потенцијалите на децата-додаде Здравков
Локалната самоуправа ќе отстапи сопствен имот во центарот на градот.
- Општина Штип веќе обезбеди простор каде ќе се врши класификацијата на деца со посебни потреби, со што ќе го олесниме нивното функционирање во системот-изјави Вишна Шорова-Ангелова, секретар на Општина Штип.
Во моментот дневниот центар го посетуваат 7 деца со аутизам, кои се вклучени во образовниот процес. Центарот овозможува едукација, но и соодветна терапија и подготовка за вклучување во социјална интеракција.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->