Македонија
24. October 2023 - 12:24

Во Штип почнува чистење на цврст и неопасен отпад

ЈП Исар ќе започне со собирање и транспортирање на цврст и неопасен отпад од физички и правни лица на теритроија на општина Штип. Оваа одлука доби зелено светло од штипските советници. Сите засегнати страни ќе може да побараат од јавното претпријатие да го собере отпадот кој се разликува од комуналниот отпад. Ваква потреба имало уште од претходно, но претпријатието немало соодветен ценовник за наплата на ваквата услуга.

- Цена од метар кубен е 2000 денари. Потребата од донесување на оваа одлука и измена на ценовникот е од причина што се појавуваат ситуации кога јавното претпријатие треба да ја изврши оваа обврска ама нема ценовник по која цена. Напоменувам, станува збор за собирање и транспортирање на цврст неопасен отпад, кој е различен од комуналниот и комерцијалниот и согласно одлуката на Совет ЈП ја врши за сите граѓани и правни субјекти-изјави Кирил Зајков, директор на ЈП Исар -Штип 

До сега, старата покуќнина и градежниот шут завршуваше на депонијата, но најчесто граѓаните го одлагаа на места кои не се наменети за таа намена и се создаваа мини диви депонии. Целта на одлуката е да се зачувува чиста животната средина и да се стави ред во менаџирањето со сметот.