Македонија
8. March 2024 - 12:21

Во штипските градинки сите деца се редовно вакцинирани

Нема невакционирани деца во штипските детски градинки. Сите деца се со  уреден вакцинален статус и ова како пракса се почитува и пред појавата на епидемијата со голема кашлица во град Скопје. Родителите пред да ги запишат своите деца во предшколските установи се запознаваат со условите кои треба да ги исполнат.

- Со исполнување на календарската возраст, медицинската сестра или негувателот, воспитувачот од соодветната група ги известува родителите и истите го почитуваат тоа, ги носат на вакцинација или ревакцинација за соодветните вакцини и имаат и обврска да ни достават и потврда, изјави Ивана Ангеличкова, директорка на детската градинка „Вера Циривири Трена“-Штип 

Вакцинацијата на децата во предучилишна возраст е најсигурен начин за спречување на ширење на заразата. 

- Во моментот немаме драстично намален број на дечиња од причина од некои заразни болести. Тоа се некои мали настинки, нешто што тековно зимскиот период се случува, додава Ангеличкова.

Во детската гардинка „Астибо“ и нејзините клонови имало само 3 дечиња кои требало да бидат ревакцинирани, но во меѓувреме и тоа е завршено.