Во Собрание продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето

На петтата седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да продолжи надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје".
Надзорната расправа почна на 20 мај. Комисијата за здравство покани сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации, со цел да дадат искази и одговори на комисиските членови и на другите пратеници.
Станува збор за втора надзорна расправа за аерозагадувањето, откако на 25 февруари годинава, се одржа надзорна расправа организирана од Левица и од СДСМ во Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, шго не беше поддржана од владејачкото мнозинство.
Ново на Сител
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
-

Алиу: Да ги почекаме институциите
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
