Во Собранието ќе заседаваат четири комисии

Во Собранието денеска ќе заседаваат четири комисии - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Пред членовите на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, во второ читање.
На Комисијата за социјална политика, демографија и млади се Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за системот за проценка на лица со попреченост, и двата во второ читање.
На Комисијата за финансирање и буџет се Предлогот на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, во второ читање и Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2026 година.
На дневе ред на Законодавно-правната комисија се Предлог на законот за престанување на важењето на Законот за вонсудско спогодување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за регистар на задолжително социјално осигурување, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за системот за проценка на лица со попреченост и Предлогот на законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Банката за развој при Советот на Европа по Рамковниот договор за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на фискултурни сали, сите во второ читање.
МИА
Ново на Сител
-

Здравствените работници ќе може бесплатно да се вакцинираат против хепатитис Б
-

На сопственикот на опожарениот бар во Кран Монтана му е одреден тримесечен притвор
-

Анима Мунди: Kучиња со ушни маркици од Албанија донесени во Скопје
-

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност, компетентност, но и професионален и личен кредибилитет
-

„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор, тече рокот за уплата на еднократниот надомест од 8.020.003 евра
-

Вонредна состојба поради невремето во 10 српски општини
-

Гаши е за редовни избори, но не и за техничка влада
-

Во пакет наменет за затвореник во Идризово пронајдени 220 таблети
