Во спомен на младите загинати во пожарот во „Пулс“ започнува програмата „Лето во друштво“ во Кочани
На Споменикот на слободата во Кочани, вечерва, од 21 часот, со ритуална работилница во спомен на младите луѓе што ги загубија животите во пожарот во „Пулс“, ќе започне програмата за млади „Лето во друштво“.
Програмата ја подготви Центарот за психосоцијална и кризна акција Малинска во соработка со Општина Кочани, Локалниот младински совет Кочани и Сапорт Кочани, најавува кочанската Локална самоуправа.
Програмата ќе трае до 23 август, а нуди спортски, уметнички, едукативни и психолошки работилници со различни активности наменети за сите млади од Кочани, Штип, Пробиштип, Виница и од Чешиново-Облешево.
Учеството во работилниците треба да се пријави преку електронски картички – формулари, со цел организаторите да ги испланираат и да ги спроведат активностите соодветно со бројот на учесниците.
Во картичките детално се опишани планираните активности, времетраењето и локацијата на одржување.
Уметничките активности почнуваат денеска во 16 ч., со фотографска работилница за цијанотипија во Мултикултурниот центар во Кочани, а спортските од 12 август, на спортскиот терен во СОУ „Љупчо Сантов“.
Посебен интерес се пројавува за набљудувањето на метеорскиот дожд Персеиди на манастирот „Св. Пантелејмон“ во селото Пантелеј, на 12 август од 21 ч. Организаторите најавуваат организиран превоз за пријавените млади, а времето на поаѓање на автобусот е во 20 ч. од Градскиот плоштад, информира надлежната служба на Општина Кочани.
МИА
Ново на Сител
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание