Во Србија вечерва почнува изборен молк

Вечерва на полноќ почнува изборниот молк пред вонредните парламентарни избори во Србија и ќе трае до затворањето на избирачките места в недела во 20:00 часот.
За време на изборниот молк забранета е секаква изборна кампања и влијание врз волјата на избирачите.
Според српскиот Закон за избор на народни пратеници, забрането е 48 часа пред денот на гласањето и на денот на гласањето до затворањето на избирачките места во медиумите и на јавните собири да се објавуваат проценки за резултатите од изборите, јавно да се претставуваат кандидатите на изборите за народни пратеници и нивните изборни програми и да се повикуваат избирачите да гласаат, односно да не гласаат за одредени изборни листи.
За кршење на овие одредби со закон се предвидени парични казни за правните лица, одговорните лица во правните лица и физичките лица.
Законот предвидува со парична казна од 100.000 до 600.000 динари (околу 850 до 5.100 евра) да се казни правно лице кое 48 часа пред денот на гласањето и на денот на гласањето до затворањето на избирачките места во медиумите и на јавните собири ќе објави проценка за резултатите од изборите, јавно ги претставува кандидатите на изборите и нивните изборни програми и ги повикува избирачите да гласаат, односно да не гласаат за одредени изборни листи.
За истиот прекршок се изрекува парична казна од 50.000 до 150.000 динари (околу 430 до 1.300 евра) за одговорно лице во медиум, додека за истиот прекршок казната за физичко лице е од 10.000 до 40.000 динари (околу 85 до 340 евра).
На изборите в недела учествуваат 18 листи, од кои девет имаат статус на изборна листа на национално малцинство.
Право на глас имаат 6.450.523 избирачи запишани во Единствениот избирачки список, а ќе се гласа на 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени две лица откако нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит
-

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца
-

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври
-

УХМР: Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка
-

Руски танкер со 40.000 тони дизел плови кон Њујорк по договорот меѓу Путин и Трамп
-

Зеленски: Моите несогласувања со Трамп не се на лична основа
-

Грчкиот парламент одобри забрана за пристап до социјалните мрежи за деца под 15 години
-

Путин: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
