Македонија
2. March 2026 - 16:43

Во среда ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование

По повеќе од десет месеци од излегувањето на Таравари од Владата, премиерот Мицкоски в среда ќе го комплетира владниот состав, со  испразнетите заменик-министерски позиции во одбрана и образование. За заменик-министер за одбрана е предложен Адмир Шабани, долгогодишен портпарол на Државната изборна комисија, а за образование – Дритон Сулејмани, поранешен советник од Куманово и портпарол на Вреди.

Ова е втора кадровска промена годинава, по пополнувањето на позициите што му припаѓаа на Изет Меџити со Беким Сали и Мухамед Хоџа. 

Поради внатрешните превирања во Вреди и спојувањето во една партија, албанскиот владин партнер веројатно ќе има смени и во пролетната реконструкција на Владата. Касами побара смена на Лимани од во министер во социјална политика. Неофицијално, пак, поради внатрешен судир, Азир Алиу, ќе бара смена на вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека промените во Вреди нема да влијаат врз владината коалиција.

Се шпекулира и со измени во ЗНАМ, особено во ресорот правда. Смена на Филков се најавува поради бавните реформи и спорот околу правосудниот испит на албански јазик.

Мицкоски најави промени и во ВМРО-ДПМНЕ, но засега без детали.