Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ

Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според првичните информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори.
Ќира на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации.
- Денес е ден кога граѓаните на Струга без рaзлика на етничка верска или политичка припадност покажаа зрелост, достоинство и вистинска љубов кон местото каде што живеат. Ова е Струга каква што ја сакаме. Овој процес покажа дека моќта е во рацете на народот, во рацете на секој од нас кој верува дека заслужува повеќе. Денес победија слободните граѓани, победи Струга што работи и не се плаши, рече Ќира.
Според ДИК, од преброени гласови на 83, од 101 избирачко место Ќира освоил 7.999, а Далипи 7.315 гласа.
Во Единствениот избирачки список во општина Струга регистрирани се вкупно 62.711 гласачи.
Вевчани е подготвено за претстојниот Вевчански карневал, а полни се и сместувачките капацитети, потврди за МИА градоначалникот Спасе Кочовски.
Спасе Кочовски од ВМРО - ДПМНЕ во наредните четири години ќе раководи со Општина Вевчани. Тој во првиот круг од локалните избори освои 57,22 отсто, односно 440 гласови.
МИА
Ново на Сител
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
