Во Струмица контроли и казни за загадувачите
Мерните станици во Струмица неколку дена по ред покажуваат зголемена концентрација на пм честичките во амбиенталниот воздух. Ваквата состојба е посебно изразена во доцните попладневни и вечерни часови кога активно започнува загревањето на домовите. Ова беше причина општината пред неколку дена да излезе и со препораки со цел да го намали загадувањето. Дел од нив се апелот за користење јавен превоз со мотори на плин, помало користење на приватните возила, а МВР да спроведе контрола на сообраќајниот режим за тешки товарни возила. Дел од граѓаните велат дека ја чувствуваат загаденоста која им предизвикува и одредени здравствени проблеми, но има и такви кои немаат проблем и сметаат дека струмичани дишат чист воздух.
Во меѓувреме активи на терен се и сите надлежни инспекциски служби кои за несовесните граѓани и компании излекле 36 прекршочни санкции.
- Таму каде што се констатирани непочитувања на важечките законски прописи се изречени и прекршочни санкции. До сега се изречени вкупно 36 прекршочни санкции за физички и правни лица.
Пред две недели советот на општина Струмица донесе и акциски план за надминување на проблемот со загаденост кој содржи голем број краткорочни и долгорочни мерки. Меѓу нив се субвенциите за приклучок на гасификацијата како и намлените комунални давачки од 8,5% за инвеститорите кои ќе имаат зелени кровови и фасади.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
