Во Струмица одбележам меѓународниот ден на руралната жена
Економска самостојност, современи технологии и социјална заштита. Ова беа клучните пораки испратени од денешното одбележување на Меѓународниот ден на руралната жена што се одржа во Струмица.
Министерот за земјоделство информираше дека државата континуирано ги помага жените фармери, посочувајќи го отворениот повик од мерката 115, каде што преку Програмата за рурален развој тие можат да добијат до 360 илјади денари.
Дека поддршка има потврдуваат и самите жени земјоделки, но бараат полесен пристап до програмите и поедноставување на административните процедури.
Во Единствениот регистар на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство, во моментов се евидентирани 129.226 земјоделски стопанства и 29.971 жена. Од нив близу се помлади од 40 години.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
