Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
Папата Лео Четиринаесетти денеска ја предводи инаугуративната миса во Ватикан, со што официјално започнува неговата служба како 267-ми поглавар на Римокатоличката црква.
Почетокот на литургиската служба е закажан за 10 часот во Рим, а на неа ќе присуствуваат бројни светски претставници и верски лидери.
Мисата се одржува на плоштадот „Свети Петар“ пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде веќе има пристигнато неколку десетици илјади верници од целиот свет, а папата пред половина час пристигна таму со својот папамобил со отворен кров од каде им отпоздравуваше на присутните верници.
На денешната инугуративнма миса на новиот папа ќе му бидат врачени официјалните симболи на неговата папска функција – палиумот и рибарскиот прстенм.
Палиумот, литургиска облека направена од волна на јагниња одгледувани од трапистите, ја симболизира улогата на Папата како пастир на верниците, наведува „Нешнал Католик Репортер“. Палиумот на папата се носи преку рамото и се прицврстува со три иглички што личат на шајките на крстот Христов.
Папата Лео XIV ќе добие и рибарски прстен, познат и како прстен на Пискатор, што го симболизира односот на Папата со Свети Петар. Прстенот се уништува или крши по смртта на секој папа.
Меѓу 150 официјални лица и делегации кои ќе присуствуваат на инаугурациската миса се амриканскиот потпретседател Џ.Д. Венс и државниот секретар на САД Марко Рубио, австрискиот канцелар Кристијан Стокер, канадскиот премиер Марк Карни, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот премиер Франсоа Бајру и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Таму ќе бидат италијанскиот претседател Серџо Матарела и премиерката Џорџа Мелони, израелскиот претседател Исак Херцог, руската министерка за култура Олга Љубинова, украинскиот претседател Володимир Зеленски и многу други, јавуваат британските медиуми.
Поранешниот американски кардинал Роберт Превост, кој го зеде името папа Лео XIV, беше избран на 8 мај за поглавар на Римокатоличката црква.
Ново на Сител
-
Академски пленум: Професорите ќе поднесат петиција за вонредни избори, Вучиќ и Мацут поканети лично да ја примат
-
Владата на САД го одзема правото на Харвард да запишува странски студенти
-
Трипуновски: Новиот Закон за земјоделство и рурален развој на ЕНЕР, акредитацијата на ИПАРД 3 не е загрозена
-
Мексико се уште преговара со Трамп за царините
-
Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш - 70 евра по возрасен и по 30 евра по дете
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто