Во земјотресот во Авганистан досега загинале повеќе од 1.400 лица, над 3.000 се повредени
Бројот на жртви од земјотресот што го погоди Авганистан надмина 1.400, објавија денеска талибанците.
„Повеќе од 3.000 лица се повредени“, изјави портпаролот на владата на талибанците, Забихулах Муџахид, на социјалната мрежа X.
Претставници на Обединетите нации во Авганистан велат дека спасувачите во моментов се во трка со времето за да стигнат до оддалечената планинска област погодена од земјотрес со јачина од 6 степени според Рихеровата скала, јавија американските медиуми.
Како што е наведено, непристапниот терен ги отежнува спасувачките операции и испораката на хуманитарна помош.
- Бараме од меѓународната заедница да помогне. Прашање на живот и смрт е навремено да се стигне до луѓето во погодената област од земјотресот, рече Индрика Ратвате, координаторка на ОН.
Авганистанската Црвена полумесечина претходно денеска соопшти дека повеќе од 8.000 куќи се уништени во земјотресот.
МИА
Ново на Сител
-
Шеснаесет години од бродската несреќа во Охридското Езеро
-
Песков: Странски воени сили не може да бидат гаранција за безбедноста на Украина
-
За вечерва закажан голем стуентски протест во Нови Сад
-
ЦУК: Осум пожари на отворено - седум изгаснати, еден под контрола
-
Продолжува судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози
-
Доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
-
ОДИХР почнува со следење на локалните избори
-
УНИЦЕФ: „Незамисливото“ во градот Газа веќе се случува