Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив

Косовската полиција пронајде и заплени околу 140 килограми експлозив, пушка и голема количина муниција, при претрес на напуштена куќа на потегот помеѓу селата Јагњеница и Девине Воде во општина Зубин Поток.
Заменик-регионалниот командант на косовската полиција, Ветон Ељшани за Радио Контакт Плус денеска изјави дека експлозивите се пронајдени на 24 јануари и оти прелиминарните информации укажуваат дека експлозивите се произведени во 2014 година во Крушевац.
Како што пренесе Бета, Ељшани нагласи дека пронајдениот експлозив бил „екстремно нестабилен“ и оти ризикот од детонација бил многу висок.
Тој додаде дека по прелиминарната истрага, надлежните истражители ќе го преземат случајот.
Немало апсења во врска со овој експлозив.
Косовската полиција претходно соопшти дека за време на редовните полициски активности во северниот регион, добила информации за можно присуство на оружје, муниција и експлозиви во напуштена зграда во селото Јагњеница, по што полициските единици излегле на терен.
За време на претресот на објектот, пронајдени се и пушка М48, 244 куршуми од различен калибар, две празни чаури и голема количина експлозиви.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
