Волонтери се грижат за стари лица кои живеат сами во Струмица
Волонтери на црвениот крст, медицинска сестра и физиотерапевт секојдневно посетуваат дел од старите лица во Струмица кои живеат сами. Медицинските лица им ја пружат неопходната медицинска помош, додека младите од црвениот крст им помагаат за се што е потребно, а се грижат и за набавката на неопходните лекови и намирници. Негата на стари лица со попреченост во домашни услови е дел од проектот на општинската организација на струмичкиот црвен крст кој се реализира во рамки на рамките на Регионалната програма за локална демократија во западен Балкан, финансирани од ЕУ имплементиран од УНДП, а кофинансиран и од Општина Струмица.
Целта на проектот е подигањето на свеста кај помладата популација за важноста од помош и поддршка на возрасната популација, а за ова зборува фактот што 10 млади активисти на Црвен крст од Струмица се свесни дека токму нивната помош за нега на стари лица со попреченост во домашни услови е од културно и социјално значење.
Фактот што се повеќе стари и изнемоштени лица над 65-годишна возраст се сами и немаат помош од најблиските го подига алармот за итноста на решавање на проблемот, велат од црвениот крст.Ваквите активности не само што ќе придонесат за нега, туку и ќе го поттикнат и размислувањето на релевантните чинители во општеството во најмала рака за подигање на свеста кај самите за проширување на таквите активности на цела територија на општина Струмица.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
