Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони

Аеродромот во Нирнберг, Германија, го прекина целиот авиосообраќај поради вонредна ситуација во авион. Сите пристигнувања и полетувања се откажани до понатамошно известување, соопшти аеродромот на својата официјална интернет-страница.
Засега не се соопштуваат детали за природата на инцидентот, а од аеродромот најавија дека наскоро ќе објават дополнителни информации.
Според германскиот весник „Билд“, полицијата претпоставува дека вонредната ситуација настанала во еден од авионите, но причината сè уште не е официјално потврдена. Полицискиот портпарол првично не можел да прецизира колку полициски службеници се ангажирани на терен.
Полициската операција започнала непосредно пред слетувањето на авион од грчкиот остров Крф, кое било предвидено околу 12:15 часот. Според податоците на сервисот „Флајтрадар24“, авионот на компанијата „Корендон ерлајнс“, на летот XR456, безбедно слетал во 12:16 часот.
Портпаролот на аеродромот потврдил дека авионот од Грција пред слетувањето бил придружуван од борбени авиони „Еурофајтер“. Тој додал дека полициската операција продолжува и дека аеродромот останува затворен до понатамошно известување.
„Поради вонредна ситуација во авион, авиосообраќајот во моментов е прекинат“, се наведува во известувањето објавено на официјалната интернет-страница на аеродромот.
Ова е втор безбедносен инцидент на аеродромот во Нирнберг во текот на истиот ден. Во ноќните часови кон вторникот, авиосообраќајот бил нарушен поради сомневање за присуство на дрон.
Според полицијата, тројца пилоти, независно еден од друг, пријавиле дека забележале непознат летечки објект при полетување или слетување, во периодот меѓу 2 и 4 часот наутро.
Граничната полиција веднаш започнала потрага, во која бил вклучен и полициски хеликоптер, но при пребарувањето не бил пронајден сомнителниот објект.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
