-->
-->
Воз во Индија минал 70 километри без машиновозач
-->
Железници на Индија наредија истрага, откако товарен воз мина повеќе од 70 километри без машиновозач. Снимките на социјалните мрежи покажаат како железничката композиција минува низ неколку станици со голема брзина.
Индиските железници соопштуваат дека возот е запрен и дека нема повредени. Возот со 53 вагони, кој превезувал иверка, бил на пат од Џамуа до Пенџаб, кога запрел во Катуи поради смена на екипажот.
Возот се движел со брзина од речиси 100 км./ч. и минал пет станици пред, конечно, да биде запрен. По добивањето на предупредување за неконтролиран воз во движење, вработените во индиски железници ги затвориле сите премини на неговата траса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голем пожар во Визбегово – Населението се евакуира, приведенo едно лице
-
Преглед на вестите од светот
-
Интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски пред пратениците
-
Стартува изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски