Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари

Мобилен тим од Одделението за оперативни работи заплени вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош. Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди, соопшти Царниската управа.
Случајот, како што се посочува во соопштението, е откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде при контрола на автобусот, во кутија за прва помош, се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса.
Од страна на Одделението за истраги против сторителот е поднесена кривична пријава за „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик.
Годинава од мобилните тимови и царинските службеници на граничните премини, запленети се над 30 илјади парчиња лекови, со што јасно ја покажуваме нашата улога во заштита на здравјето на граѓаните. Мобилен тим од Одделението за оперативни работи заплени вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош. Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди, соопшти Царниската управа.
Случајот, како што се посочува во соопштението, е откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде при контрола на автобусот, во кутија за прва помош, се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
