Loading Video...
Македонија
6. February 2026 - 16:34

Возење без дозволи под лупа

За само еден ден полицијата фатила 11 возачи од повеќе градови кои немале возачка дозвола или пак имале активна забрана за управување моторно возило. ОД МВР потврдуваат дека од нив двајца биле малолетници и на сите им биле одземени и  возилата. Дополнително ќе се соочат и со кривични пријави.

Од стартот на проектот безбеден град полицискиот билтен секојдневно бележи возачи без возачки дозволи по што се одземени и возилата. Според МВР во првите пет дена на февруари на целата територија на државата одземени се 21 возило.

Сопреа и протестите на граѓаните низ неколку града кои ги блокираа регионалните патишта токму поради немање возачки дозволи, а одземени им се и возилата. Дел од нив кои упатува и закани се извинија на социјалните мрежи. 

Обвинителството не споделува информации дали досега некој е спроведен на распит откако полицијата поднесе кривични пријави. 

Тврдењата на граѓаните дека поради немање основно образование не можат да да имаат возачки дозволи според министерката за образование ова е проблем кој се провлекувал со години. 

Владејачката партија обвинува за двојни аршини на опозицијата за сејф сити - бараат казни за прекршителите, а не гласале за  имплементација на „Безбеден град”

Во првата недела од воведувањето на проектот, според надлежните, значително е намалален бројот на сообраќајни несреќи, а возачите возат повнимателно.