Вознемирувачка снимка: Снимен моментот на уривањето на авионот во Флорида во кој загинаа 9 лица
Девет лица загинаа во страшна авионска несреќа што се случи во неделата, на 1 ноември, во американската сојузна држава Флорида, кога приватен авион нагло изгубил височина и се урнал во близина на прометна сообраќајница.
Драматичниот момент е снимен со камера поставена во автомобил што се движел по патот. На снимката се гледа како авионот со голема брзина паѓа речиси вертикално, по што следува силна експлозија и се издигнува густ црн чад.
Станува збор за приватен авион од типот „Лирџет 60“, кој полетал од Остин, Тексас, и бил на пат кон Бахамите. Несреќата се случила околу 12:50 часот по локално време, во областа Гринакрес, во округот Палм Бич.
Според американските власти, сите девет лица во авионот, меѓу кои седум патници и двајца членови на екипажот, го загубиле животот.
Непосредно пред несреќата, пилотите пријавиле создавање мраз на авионот, турбуленции и врнежи. Потоа авионот почнал неконтролирано да губи височина, а екипажот испратил повик за помош.
Силниот удар оставил голем кратер и расфрлани остатоци од авионот, а стотици жители од околните домови биле евакуирани.
Американскиот Национален одбор за безбедност во транспортот (NTSB) соопшти дека постојат индиции оти авионот почнал да се распаѓа уште пред ударот во земјата.
Точната причина за несреќата сè уште се истражува.
Ново на Сител
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
-

Студенти по архитектура изработија идејни решенија за мултимедијален центар во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Дали поддршката на ВРЕДИ за ДУИ во Брвеница ќе донесе предвремени парламентарни избори?
-

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП
