Македонија
6. August 2026 - 13:04

Вработен во кафуле со остар предмет повредил тетовчанец

Вчера во 10:15 часот во СВР Тетово бил извршен службен разговор со Л.М. (25) од село Мала Речица. Според пријавеното, околу 09:30 часот во угостителски објект на улицата „ЈНА“ во Тетово, каде што работел Л.М., дошло до расправија меѓу него и А.Ј. (53) од Тетово. Во текот на расправијата, Л.М. со остар предмет му нанел повреда на раката.

Л.М. бил задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.