Вработените во Еурокомпозит го ставија штрајкот во мирување, директорот си поднесе оставка
Генералниот директор на „Еурокомпозит“, Александар Кузески, вчера си поднесол неотповиклива оставка. Оставката следува по реактиврањето на штрајкот во компанијата и новите блокади на патот Прилеп – Скопје. Вработените бараа оставка на целиот менаџерски тим за да се вратат на работат.
Кузески во телефонскиот разговор денеска само кусо ни изјави дека во фирмата се создал голем антагонизам и дека доколку решение за проблемите е неговата оставка тогаш и посакува се надојбро на оваа компанија.
Од синдикатот, изјавија дека штрајкот го ставаат во мирување.
„Ние со работа отпочнуваме од понеделник по наша доброволна иницијатива, без назначен нов директор. Во наредните 6 месеци се надеваме дека Владата ќе ни го реши нашиот проблем. Во моментов имаме работа, работиме за една српка фирма и дел за МВР“, изјави Роберт Богданоски, претседател на синдикален одбор.
Вработените исто така се надеваат да бидат повлечени решенијата за суспензија на целиот синдикален одбор, кои ги донесе сега веќе претходното раководство и дека според договорот со Владата секој месец ќе добиваат редовно плата во наредните 6 месеци.
Инаку според неофицијални информации се шпекулира дека новиот директор на оваа државна компанија ќе биде прилепчанец.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
