Бизнис
2. July 2018 - 19:55

Вработените во Еурокомпозит утре на протест со шатори пред владата

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ утре заминуваат на протести со шатори пред Влада. Велат дека иако веќе 3 недели се во штрајк воопшто никој не ги контактирал од Владата иако пратиле писма со барање за решавање на проблемот до повеќе министерства. Се чувствуваат измамени и револтирани на како што велат игнорантскиот однос на државата кон 260-те вработени во оваа државна компанија.

„Сега сме решени да останеме во Скопје до конечно решавање на нашава фабрика. Или технолошки вишок нека ги испуштат сите или нека тргни фабрикава да работи бидејќи секоја плата ја земаме со застанување и со штрајкови, тоа повеќе неможеме да го издржиме“, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација на Еурокомпозит.

На почетокот од мај за да го прекинат штрајкот Владата им ветиидека 100 вработени веднаш ќе заминат технолошки вишок и дека за 3 месеци фирмата ќе се продаде на некој инвестиитор, но тоа не се случи.

„Од Нова година наваму имаме земено само околу 20.000 денари, паушално или линеарно незнам како да кажам, во просек значи доаѓа по 4-5.000 денари месечно“, додаде Богданоски. 

Вработените немаат земено 18 плати, а придонесите не им се платени од 2012 година.