Врачени благодарници на грчките болници, кои ги лекуваа повредените од трагедијата во Кочани

Вршителите на должност во Амбасадата на Северна Македонија во Атина и во Генералниот конзулат во Солун, Борис Мирчевски и Василчо Дамчевски, им доделија благодарници на двете атински и двете солунски болници, кои веднаш по пожарот и трагедијата во Кочани, хоспитализираа 12 повредени лица - јави дописничката на МИА од Атина.
Благодарниците беа доделени на одвоени средби, кои Мирчевски и Дамчевски ги имаа со директорите во болниците во Атина и Солун, за брзата реакција, за изразената солидарност и грижа за повредените, но и во знак на благодарност што сите згрижени пациенти закрепнаа и добија одличен третман за време на лекувањето.
Грција беше меѓу првите земји што прими повредни со изгореници. Тројца млади само неколку часа по пожарот беа префрлени во солунската болница, следуваа уште двајца во Воената болница во Солун, а два, односно три дена подоцна, со авиони „Ц-27“ на грчкото Воено воздухопловство беа транспортирани вкупно уште седум лица.
Во Грција беа хоспитализирани 12 повредени: шест во Општата воена болница 401 во Атина; еден во Општата болница на воздухопловството 251; тројца во Општата болница „Папаниколау“ во Солун и двајца во Општата воена болница 424, исто така во Солун.
МИА
Ново на Сител
-

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
